НЕЗАВИСНАТА ПРАТЕНИЧКА ГРУПА НА ВМРО-ДПМНЕ ЌЕ ГЛАСА ЗА ЗАКОНИТЕ ЗА КОИ ТРЕБА ДВОТРЕТИНСКО МНОЗИНСТВО
Пратеничките групи се консултираа за предлог текстот на законот за амнестија, изјави денеска Нола Исмајловска, пратеник од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За подобра Македонија. Таа кажа дека осумтемина пратеници од оваа параламентарна група ќе ги поддржат реформските закони за кои е потребно двотретинско мнозинство, а кои се на дневен ред на собраниската седница закажана за понеделник.
– Идеите што ги имаме веќе подолг период ги разменивме. Навистина е еден инклузивен процес, сега тоа што го правиме е консултација со правни експерти, секоја пратеничка група се консултира и кога ќе се закаже наредната средба на интерпарламентарната група за интеграција, реформи и помирување ќе ги размениме и тие заклучоци за крајното решение да го извлечеме најдоброто од сите дискусии што ги имавме досега, изјави пратеничката Нола Исмајловска од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ. (Целиот напис прочитајте го овде)