ВАСИЛЕВСКИ ГИ ПОСОВЕТУВАЛ КОЛЕГИТЕ ПРАТЕНИЦИ ДА НЕ НОСАТ КРАВАТИ НА 27 АПРИЛ ЗА ДА НЕ ИМ СМЕТААТ
Денеска во Кривичниот суд продолжи рочиштето за настаните на 27. април во кое се изнесуваат докази, а во дополнителните докази кои ги презентираше обвинителката Ивана Трајчева има и пораки од мобилниот телефон на пратеникот Јохан Тарчуловски. Во пораките има и вибер комуникација во која пратениците комуницирале во група, пренесува МКД.мк.
Според вештачењето на мобилниот телефон на Тарчуловски, обвинетиот Сашо Василевски во вибер групата на 12 април испратил порака околу 9 часот во која им посакува добро утро на членовите на групата и им пишува да не носеле вратоврски во Собранието. Пораката што била испратена од Василевски, а која денес пред судот ја презентираше обвинителката Ивана Трајчева е со содржина: „Добро утро за сите, за колегите ќе е подобро денеска да ојме во Собрание без кравати, да не ни сметет“. На ова Димитар Стевананџија по 10 минути му возвраќа со порака: „Саше, добро е да имаш подолга и да ја фрлаш како ласо. Навежбај се“. На овие пораки судијката Добрила Кацарска им искоментира на обвинетите пратеници кои седат во првиот ред во судница: „И денес не носите кравати“. (Целиот напис прочитајте го овде)