ЖЕНСКАТА РАКОМЕТНА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА ГИ ДОЗНА ПОТЕНЦИЈАЛНИТЕ РИВАЛИ ЗА БАРАЖОТ ЗА СП ВО ЈАПОНИЈА

Македонската женска ракометна репрезентација, која пред две недели обезбеди бараж за пласман на Светкото првенство во Јапонија идната година, ги дозна потнцијалните ривали од барбанот на носители на утрешната ждрепка од 16.30 часот.

Македонија очекувано е во група на неносители на ждрепката, па како потенцијални ривали се селекциите на Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска.

Мечевите во баражот ќе се играат во термините од 31 мај до 2 јуни за првите мечеви, односно од 4 до 6 јуни идната година за реваншите. Селекцијата која ќе биде прва извлечена ќе биде домаќин на првиот меч, а победниците од овие девет бараж-средби ќе се пласираат на Мундијалот во Јапонија.

Македонија пред две недели убедливо го заврши квалификацискиот циклус со три победи против Азербејџан, Исланд и Турција, на турнирот кој се играше во Скопје.

ГРУПА НА НОСИТЕЛИ: Данска, Шпанија, Германија, Унгарија, Црна Гора, Норвешка, Словенија, Србија и Шведска.

ГРУПА НА НЕНОСИТЕЛИ: Австрија, Хрватска, Чешка, Полска, Белорусија, Исланд, Македонија, Швајцарија, Словачка

Извор: Sport1.mk