| |

Првиот човек на бугарската федерација по бокс Красимир Инински се вклучи во кампањата против насилството врз и меѓу деца „Биди храбар, биди добар“

Претседателот на Бугарската боксерска федерација Красимир Инински се приклучи на Националната кампања на Државната агенција за заштита на децата против насилството врз и меѓу децата „Биди храбар, биди добар“, јавува БГНЕС.

Красимир Инински заедно со бугарските репрезентативни боксери Рами Киуан и Хавиер Ибанес кажаа НЕ на агресијата и ги повикаа децата да ја вложат својата енергија и труд во спортот и здравиот начин на живот.

„Вежбајте, бидете здрави! Дојдете во салата, овде се создаваат шампионите!“, апелираат тие.

Бугарската боксерска федерација и шампионите Станимира Петрова, Рами Киуан и Хавиер Ибанез учествуваа во настаните што ја придружуваат кампањата на ДАЗД „Биди храбар, биди добар“.

Слични Објави