|

Николов: За седум години со СДС и ДУИ на власт, во здравството има само корупција, непотизам, враќање на состојбата децении назад

За здравството во последните седум години има само една констатација, а тоа е „никогаш не било полошо“, вели Игор Николов, претседател на Комисија за здравство на ВМРО-ДПМНЕ.

Според него, власта на СДС и ДУИ го уназади здравствениот систем, особено јавното здравство, редеше скандали, наместо инфраструктура, ги полнеше своите џебови, а заборави и на граѓаните. Не само што нема прогрес во ресорот што живот значи, туку имавме и враќање неколку децении назад.

Зад себе, како што нагласува, по 7 години, оставија само деградација на здравствениот систем и кадар што е демотивиран од непотистичките политизирани вработувања, без критериуми, а спремени само за кадри блиски до власта.

„Зад себе, по 7 години, оставија само деградација на здравствениот систем, заборавија на граѓаните и нивните потреби за модерен здравствен систем.

Никогаш не било полошо и затоа ќе ги поразиме. Ветувањата останаа само на на хартија. „Ќе“ епохалните проекти од „рубриката не се случило“ денес се само синоним за лаги, манипулации и неработа во овие 7 години, како и маргинализација на овој ресор“, вели Николов.

Потсетува дека власта вети ревизија на позитивната листа на лекови, а нема, како што додава, ниту абер од новите модерни лекови на позитивната листа.

„Во моментот на клиниките, кои се круцијални во здравствениот систем, недостигаат основни лекови. Се чини дека подготвуваат позитивна листа по терк на фармацевстските компании блиски до СДС и ДУИ, а во соседството гледаме како едноставно се додаваат модерни лекови на позитивните листи.

Ветија реформа на примарната здравствена заштита, ја почнаа и така ја оставија.

Ветуваа и ослободување од партиципација за болничко лекување на пациентите, ветуваа основање фонд за лекување во странство на деца до 18 години. Но, сето остана во рубриката „ќе, никогаш не се случило“.

Едно е јасно, од назадување во сите сегменти во здравството, особено во јавното здравство, и нереализација на проектите и „ќе“ навистина е доволно“, потенцира тој.



Слични Објави