|

Николовски – Јоурова: Еврокомисијата ги препознава владините заложби за борба против корупцијата

Мерките од владиниот План за борба против корупцијата, кои се однесуваат на зголемување на транспарентноста и отчетноста на институциите, како еден од клучните механизми за борба против корупцијата, беа главна тема на средбата на вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски во Брисел со потпретседателката на Европската комисија надлежна за вредности и транспарентност, Вера Јоурова.

– Северна Македонија континуирано вложува огромни напори во европеизацијата на институциите, со Планот за борба против корупција ги имплементираме европските стандарди и вредности, ја носиме Европа дома, порача на средбата вицепремиерот Николовски.

Како што информира владината Прес-служба, вицепремиерот Николовски ги презентираше мерките од Планот кои се реализираат, како што се воведувањето на интерни процедури за јавни набавки од страна на институциите, подготовка на годишни антикорупциски програми, исполнување на препораките од ГРЕКО, новиот поприменлив Кодекс за етичко однесување на членовите на Владата и носителите на јавни функции именувани од страна на Владата, одлуките за ограничување на службените трошоци на функционерите за угостителски услуги за работни состаноци и за користење на службените возила, како и другите мерки од Планот, целиот напис можете да го видите овде.

Извор: Zoom. mk

Слични Објави