(Видео)Ноев: Борисов да појде да си го земе кучето од Путин, потребен ни е процес на „депутинизација“

//

Борисов да појде сега и да си го земе кучето од Путин. Ова го изјави поранешниот министер за одбрана на Бугарија и дипломат од кариерата Бојко Ноев пред бугарската „Нова телевизија“, токму на 3 март, кога Бугарија го слави својот национален празник.

Ноев е дециден дека во Бугарија треба да започне процес на „депутинизација“ додавајќи дека oчекува таквиот процес да го зафати целиот свет.

Бојко Ноев објави дека има податоци за тоа дека главниот обвинител на Бугарија Иван Гешев е еден од луѓето што ја спроведуваат политиката на Путин во Бугарија.

„Бугарски обвинители биле испраќани на обука во Обвинителството контролирано од Путин. Тоа е недопустливо“, вели Ноев.

Тој обелодени уште дека во времето во кое со бугарското Обвинителство раководеле Сотир Цацаров и Иван Гешев, не биле дозволени одредени истраги и даде пример со обидот за убиство на бизнисменот Емилијан Гебрев, кој требаше да биде отруен со истиот отров новичок со којшто беше извршен обидот за убиство врз двојниот руски агент Сергеј Скрипал во Солзбери, Велика Британија.



Според Ноев такви препреки се поставувани и во соработката со чешките власти за време на истрагите за експлозиите во бугарски и чешки складови за муниција и утилизација на оружје. Поранешниот министер за одбраната потсетува дека тие настани совпаѓаат со доаѓањето во Бугарија на неколку агенти на руското воено разузнавање.



Претходна статија

Регистрирани 370 нови случаи на коронавирус, починаа 10 лица

Следна статија

Бугарија нема скриена агенда за РС Македонија, ЕУ не ги мие тоталитарните митови и злосторства

Најново од Вести