Ноев: Бугарија може да и даде на Украина сè од што таа има потреба
„Сè што се случува во моментот кај нас не е просто спор дали да дадеме воена помош, во Бугарија повторно се појави политичката спротивставеност каде припаѓа нашата држава. Дали кон демократскиот свет или кон Кремљ“, изјави Бојко Ноев, поранешен министер за одбрана и експерт за национална безбедност во утринската програма на Бугарската национална телевизија.
Според Ноев неутралитет во моментов значи закана за националната безбедност. Колку повеќе Бугарија е неутрална толку повеќе се зголемува апетитот на путинистите да влијаат врз бугарскиот политички живот.
Според Ноев, Бугарија може да и даде на Украина се од што таа има потреба.
Погледнете го целиот разговор во видеото што следи.