СЛОВЕНЕЧКИОТ ПРЕМИЕР МАРЈАН ШАРЕЦ НАЈАВИ ОСTАВКА

Премиерот на Словенија, Марјан Шарец најави дека денеска ќе поднесе оставка од функцијата. Шарец истакна дека со малцинската коалиција не може да постигне се тоа што планира да го направи и побара вонредни избори.

Тој додаде дека неговата малцинска Влада не може да ги усвои важните закони. Претходно, словенечкиот министер за финансии Андреј Бертонцељ поднесе оставка.

Според словенечката новинска агенција СТА, најверојатно причина за оставката е несогласувањето со нацрт-законот за укинување на дополнителното здравствено осигурување.