МЕРКЕЛ БАРА ПОЧЕТОК НА ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ВЛЕЗ ВО ЕУ ЗА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА
Германската канцеларка Ангела Меркел повика на почеток на преговорите за влез во ЕУ на Албанија и Македонија. Таа е децидна дека процесот за пристапување на двете балкански држави во Европската унија треба да започне во март, јавуваат светските медиуми.
„Пред се ние треба да постигнеме договор и на следниот Европски совет во март да започнеме разговори за пристап на Албанија и Македонија во ЕУ“, изјави Меркел за време на состанокот со албанскиот премиер Еди Рама.
Според канцеларката, „двете земји постигнале многу“ и затоа Берлин ќе го поддржи нивното започнување преговори со Унијата.