|

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Во ноќта меѓу сабота и недела, на 26 октомври во 3 часот по полноќ, Македонија преминува на зимско сметање на времето. Часовниците ќе се вратат еден час наназад, односно од 3 на 2 часот, со што овој ден ќе биде еден час подолг од останатите во годината.

Со преминот на зимско време, утрата ќе бидат посветли, но затоа ќе се стемнува порано во попладневните часови. Зимското сметање традиционално започнува во последниот викенд од октомври и трае до последниот викенд од март, кога повторно започнува летното сметање и часовниците се поместуваат еден час напред.

Оваа промена ќе важи до март 2026 година, кога повторно ќе се премине на летно сметање на времето.



Слични Објави