НОВ ЛЕВ БЕК ГО ЗАСИЛУВА ВАРДАР

Интернационалниот карактер на Вардар се засилува со доаѓањето на репрезентативецот на Германија, Кристијан Дисингер (26). Тој е нов член на „црвено-црните” и со него е потпишан двегодишен договор.

Дисинер (203 см. висок) е веќе во Скопје каде треба да ги мине лекарските прегледи пред да и се приклучи на екипата. Тој ќе биде првиот првиот германски репрезентативец што потпишува за Вардар.

Германецот игра на позицијата лев бек и треба да биде засилување за тимот и да му помогне на тимот на таа позиција. Со своето искуство во Бундеслигата Дисингер сигурно ќе донесе нова свежина во играта на Вардар. Тој е седмото засилување на нашата еклипа сезонава.

Пред неколку денови Дисингер го раскина договорот со германски Кил каде настапуваше последните сезони. Со екипата на Кил го освои германскиот Куп, а исто така како дел од репрезентацијата на Германија во 2016 година стана европски сениорски првак. Со репрезентацијата на Германија го освои и бронзениот медал на летните олимписки игри во 2016 година. Со младинскиот тим на Германија го освои златнио тмедал на младинското СП 2011 година.

Во својата кариера има настапувано за екипите на ТСГ Фреиззенхајм (2008-2011), Кадетен (2011-2013), Нептуно (2013), Либек (2015-2015) и од 2015 година за Кил.
За екипата на Кил има одиграно 130 натпреваро и постигнато 235 гола.

Слични Објави