| |

НОВ РЕКОРД НА НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОВИД-19

Нов рекорд на новозаболени од Ковид-19 регистрираше вчера Министерството за здравство. За 24 часа се потврдени нови 1422 случаи од направени 4.277 тестирања. Битката со вирусот ја изгубија 33 пациенти, од кои најмладиот на 38-годишна возраст.

Она што е поразлично во овој пик од претходните, според претседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, е тоа што сега во земјава е присутен британскиот сој, кој се шири многу побрзо и за пократко време развива тешка клиничка слика.

– Кај нас со сигурност ги имаме чешкиот и британскиот сој. Овој британски сој во 24 до 48 часа развива клиничка слика која е навидум лесна, меѓутоа воспаление на бели дробови и тешка компликација се прави за нецели три дена. Ако некогаш велевме дека инкубацијата трае до 14 дена, сега е три до пет дена. Клиничката слика може да се појави нагло, во мал временски период со навидум лесни симптоми и со многу потешка компликација прво на белите дробови, но имаме мултисистемско зафаќање од глава, срце, црн дроб, бубрези, до оштетување на крвните садови. Значи мултисистемско зафаќање од „чудовиште“, рече вчера Караџовски на гостувањето во телевизија Канал 5.

Слични Објави