Нов тим од 36 бугарски пожарникари заминува да се бори со пожарите во Грција
Нова група од 36 бугарски пожарникари утре заминува за Грција. Таа ќе ја замени првата група пожарникари од Бугарија кои беа вклучени во гасењето на пожарот кај Александрополис, јавува БНР.
„Во регионот на Еврос нема видливост за гаснење на воздух“, јавуваат од Дирекцијата за противпожарна заштита на Бугарија .
На терен денеска во гаснењето учествуваат 600 пожарникари со 150 возила со вода, но теренот е тешко пристапен. Властите утрово ги евакуирале жителите на две села во Еврос бидејќи пожарот стигнал до куќите. Главниот огнен фронт во регионот на Еврос е на оддалеченост од околу 50 километри од градот Орестиада.