|

Нов земјотрес во Турција

Земјотрес со јачина од 4,2 степени е регистриран денеска во областа Коња во централна Турција, соопшти владината Дирекција за управување со катастрофи и вонредни состојби (АФАД).

Според податоците на АФАД, земјотресот е регистриран во 2.14 часот, а епицентарот бил во градот Кулу, кој се граничи со областа Анкара. Неговата длабочина била 7,86 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во соседните области. Нема извештаи за штети или повредени.

Слични Објави