НОВА ЖРТВА НА КОВИД-19 ВКУПНАТА БРОЈКА НА ЗАБОЛЕНИ ИЗНЕСУВА 555 ЛИЦА

//

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, неколку часа по приемот во болница, починал маж од Лабуништа на 63 годишна возраст донесен на клиниката со тешка клиничка слика.

Со два контролни негативни теста за Ковид-19, денеска од Инфективна си заминуваат 3 пациенти.

За 24 часа регистрирани се 72 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови: Скопје – 14, Куманово -21, Штип – 1, Прилеп – 9, Тетово-12, Струга- 1, Велес – 1, Битола – 2, Гостивар – 1, Радовиш – 1, Крушево – 2, Кочани – 7.

Во моментов на Инфективната клиника се хоспитализирани 74 пациенти, 15 со тешка клиничка слика, 11 на механичка вентилација, другите пациенти се стабилни.



Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска изнесува 555 лица. Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во:

Скопје – 235, Куманово -114, Дебар – 49, Штип-19, Прилеп –33, Тетово – 29, Струга – 24, Велес – 10, Битола – 6, Охрид – 3, Кавадарци –2, Гостивар – 4, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка- 2, Радовиш -3, Крушево – 2 ,Кочани – 14

Во изминатото деноноќие направени се 371 тестови. Од нив преку ИЈЗ- 285, преку Ветеринарен факултет – 7, Авицена – 0, Биотек – 24 и Филип Втори (Жан Митрев) – 55. Досега во земјата се направени 5.291 тестирања на Ковид-19.



Претходна статија

УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ВО СРПСКАТА ВЛАДА

Следна статија

СЕ ЈАВИ ГАЗДАТА НА ТЕРЕТАНАТА ВО КОЈА ШТО ВЕЖБА МИЦКОСКИ: МИЦКОСКИ НЕ ВЕЖБАШЕ ДОЈДЕ САМО ДА СИ ЈА ЗЕМЕ ОПРЕМАТА

Најново од Вести