УШТЕ ЕДЕН СЛУЧАЈ НА КОВИД-19 ВО СРПСКАТА ВЛАДА

/

Александар Пајиќ, советник на министерот за образование, е позитивен на коронавирус, објави „Танјуг“. Тој утринава е пренесен во Клиничката болница „Драгиша Мишовиќ“.

Српскиот портал „Блиц“ објавува дека Пајиќ пред неколку дена се почувствувал лошо, а дека вчера нагло му се влошила состојбата. Тој бил пренесен во болница во Шабац, каде што бил приклучен на распиратор. Таму му бил направен и тестот за Ковид-19.

Ова е втор случај на коронавирус во српската влада. Од вирусот заболе и почина државниот секретар во Министерството за животна средина, Бранислав Блашиќ.





Претходна статија

МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО НА ИТАЛИЈА: ДОДЕКА НЕ СЕ НАЈДЕ ВАКЦИНА ЌЕ НИ ТРЕБААТ УСЛОВИ ЗА СОЖИВОТ СО ВИРУСОТ

Следна статија

НОВА ЖРТВА НА КОВИД-19 ВКУПНАТА БРОЈКА НА ЗАБОЛЕНИ ИЗНЕСУВА 555 ЛИЦА

Најново од Вести