| |

Известување за субвенции за велосипеди

Од Општина Карпош информираат дека акцијата за субвенционирање при купувањето на нови велосипеди е завршена.

„Оваа фаза на финансиска поддршка при купување нови велосипеди е окончана поради исцрпување на паричните средства предвидени во Буџетот на Општината.

Со оглед на тоа што квотата за субвенционирање е пополнета, локалната самоуправа, заклучно од денеска, вторник, (08.05.2017) нема да ги зема в предвид сите новопристигнати апликации. Во случај да се предвидат нови средства за оваа намена, ќе бидете навремено известени преку веб страната на Општината, социјалните мрежи и Фејсбук профилот на Општина Карпош, како и преку пишаните медиуми“, се вели во соопштението на Општина Карпош.

Слични Објави