Украински форензичари почнаа ексхумација на тела од масовна гробница во Буча

/

Форензичари денеска почнаа ексхумација на тела од масовна гробница во украинскиот град Буча, завиткувајќи ги во црна пластика и изложувајќи ги телата на цивилите, за кои официјални лица тврдат дека загинале за време на руската инвазија.

Руслан Кравченко од обвинителството во Буча изјави дека се ексхумирани 20 тела, од кои 18 биле со прострелни рани и рани од шрапнел. Тој потврди дека се идентификувани две жени, а една од нив работела во супермаркет во центарот на градот.

– Постојат сведоци кои можат да потврдат дека овие луѓе биле убиени од руските сили. Без никаква причина, тие само се движеле по улицата или биле евакуирани. Некои од нив само зборувале на украински јазик, додаде обвинителот.





Претходна статија

В’лчев: Размената на знаење ќе стане уште еден мост меѓу луѓето кои живеат во Бугарија и во Северна Македонија

Следна статија

Ковачевски – Курти: Секоја средба е поттик за натамошно унапредување на билатералната соработка

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да