Одбележуваме 86 години од смртта на големиот бугарски научник и општественик од Македонија Љубомир Милетич
На 1 јуни 1937 г. умира истакнатиот научник ЉУБОМИР ГЕОРГИЕВ МИЛЕТИЧ филолог и општественик, член на БАН. Роден е во 1863 г. во Штип. Студирал словенска филологија во Загреб и Прага. Тој е еден од создателите на Софискиот универзитет. Бил избран за декан на Историско-филолошкиот факултет, а потоа станал ректор на универзитетот. Учествувал и во управањето на Бугарската академија на науките како председател на Историско-филолошкиот клон и председател на Управителниот совет. Освен тоа Љ. Милетич бил председател на Македонскиот научен институт, и долги години редактор на списанието “Македонски преглед”.
Работел во сферата на лингвистиката особено диалектологијата, етнографијата и историјата. Автор е на повеќе од 400 научни трудови: книги и монографии, студии, рецензии и др., многу од които се на странски јазици: германски, француски, руски, србско-хрватски. Неговото име, останува најтесно сврзано со ослободителната борба на Бугарите од Македонија и Одринско. Редактор е на поредицата „Материали за историјата на македонското ослободително движење“, еден од најскапоцените извори за историјата на ВМОРО и Илинденско-Преображенското востание, во која се публикувани спомените на видни војводи и водачи на револуционерната Организација.
“Се гордееме, многу се гордееме со своите свети Солунски браќа. И со полно право: во взаемното натпреварување денес просветените народи не престанват со благородна гордост да покажат од минатото епохални моменти, кога нивната културна животноспособност се пројавила со дела од обшточовечко значење. И ние, Бугарите, единствени меѓу јужните словени, сме честити, дека уште во нашата древна историја, пред повеќе од илјада години, имаме културни пројави на нашиот народен гениј, кој високо не’ издигат како историски народ, многузаслужен за просветувањето и за самосознанието на јужното и на источното словенство. Ние преку великото дело на Кирил и Методи први му го дадовме најмоќното средство за духовното усовршување – писмеността.”
Љубомир Милетич НАШАТА НАРОДНА ГОРДОСТ