Што работи Комисијата за хартии од вредност, каде конкурирала за работа сестрата на Катица Јанева

Вести Македонија

Комисијата за хартии од вредност (КХВ) е во фокусот на јавноста, откако беше објавена информацијата дека кандидат за влез во раководството на оваа институција е и Лиле Делиџакова, сестра на специјалната обвинителка, Катица Јанева.

Што работи КХВ?

Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија е самостојно и независно регулаторно тело кое врши јавни овластувања утврдени со Законот за хартии од вредност, Законот за инвестициони фондови, Законот за преземање на акционерски друштва и сите подзаконски акти, кои произлегуваат од нив.

Кои се надлежностите и овластувањата на КХВ?

-Врши контрола над целокупната документација на издавачите на хартии од вредност, презема мерки и носи одлуки за заштита на интересите на лицата кои се сопственици или инвестираат во хартии од вредност и спречува нечесни и незаконски дејствија, поврзани со работењето со хартии од вредност.
-Издава дозволи, одобренија и согласности врз основа на Законот за хартии од вредност и другите закони во нејзина надлежност.
-Го регулира начинот на тргување со хартии од вредност на берзите.
-Го следи и контролира работењето на учесниците на пазарот на хартии од вредност.
-Го следи и контролира функционирањето на пазарот на хартии од вредност.
-Одредува стандарди на конкуренција меѓу учесниците на пазарот на хартии од вредност, како и овластените друштва за управување со фондови, односно инвестиционите фондови, по пат на контроли или на друг начин.
-Дава согласност за именување на директори на брокерски куќи, на одделот во банката кој е надлежен за вршење на услуги со хартии од вредност, како и на друштвата за управување со инвестициони фондови.
-Ги одобрува барањата за издавање на хартии од вредност.
-Се грижи за законит, чесен и транспарентен пазар на хартии од вредност.
-Ги одобрува донесувањето и сите измени на актите на депозитарот и на берзата.
-Соработува со други институции во Република Македонија и надвор од неа.

Извор: Емагазин