НОВИ 26 СЛУЧАИ НА КОВИД-19, ПОЧИНАА 4 ПАЦИЕНТИ
Во изминативе 24 часа позитивни на вирусот Ковид-19 се 26 пациенти.
По четири лица во Скопје и Тетово, 11 во Куманово, во Прилеп – тројца, во Велес и двајца и по еден во Кочани и во Пробиштип.
Со ова вкупниот број на заболени во земјава достигна 854 лица.
Како што и претходно информиравме, битката со вирусот ја загубија 4 пациенти, 2 од Скопје, 1 од Прилеп и 1 од Велес.
Поточно, станува збор за – пациентка на 79 години и пациент на 63-годишна возраст од Скопје, 58-годишен од Велес и 67-годишен пациент од Прилеп.
Вкупниот број на починати кај кои е дијагностициран вирусот Ковир-19, досега изнесува 38 лица.