НОВИ 30 ДЕНА ПРИТВОР ЗА КАТИЦА ЈАНЕВА
Кривичниот совет при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство го продолжи притворот на Катица Јанева со нови 30 дена.
Во однос на поднесениот предлог од одбраната за укинување на мерката притвор и определување поблага мерка за обезбедување присуство со понудена гаранција доставена до судија на претходна постапка, истиот е испратен на мислење кај надлежен јавен обвинител, а по донесена одлука на судот, странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

