|

Новиот шеф на НАТО за нуклеарните закани на Путин: Не треба да им попуштиме

Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека не гледа непосредна опасност од руската употреба на нуклеарно оружје и дека не треба да попушти пред заканите на Путин.

„Не гледаме никаква непосредна закана од употребата на нуклеарно оружје“, рече Руте на својата прва прес-конференција на новата функција.

Тој додаде дека нуклеарната реторика на рускиот претседател Владимир Путин е непромислена и неодговорна.

Тој посочи дека попуштањето пред заканите на Путин ќе создаде преседан дека употребата на воена сила може да се користи за да се добие она што некој го сака.

Слични Објави