НОВИОТ ТИП НА ВИРУСОТ ГИ ЕЛИМИНИРА ШАЛОВИТЕ И ВИЗИРИТЕ
Од лабораторијата на МАНУ се чека одговор дали тимот од Клиниката за нефрологија е заболен од британскиот сој на корона вирусот. Овој сој во многу земји предизвика промени во личната заштита, јавува Deutsche Welle.
Дали новите позаразни соеви на коронавирусот ќе предзивикаат промена и во мерките за превентива? Во некои земји веќе се менува начинот на покривање на устата и носот исклучиво со конвенционални маски, без употреба на шалови, шамии и визири. Дебатата нема да изостане, откако ќе стигне одговорот од лабораторијата на МАНУ, на прашањето што си го поставуваат на Клиниката за нефрологија: како за многу кус временски период таму заболеа 29 здравствени работници, и тоа 11 месеци по почетокот на пандемијата и по три месеци од функционирањето на тамошниот Ковид оддел? Меѓу заразените се лекари, медицински сестри, болничари, лаборанти…
„Ништо не сме смениле во однесувањето. Не ни е јасно како и зошто се случи сега, во толку кусо време“, велат од Клиниката.
Од МАНУ треба да стигне одговор дали тимот од Клиниката за нефрологија е заболен од британскиот сој на коронавирусот. И покрај првите идентификувани случаи, засега не може да се одреди од кога тој сој е присутен во земјава, со оглед дека во сите лаборатории не се прави секвенционирање кое треба да потврди дали лицата заболеле од новата мутација на вирусот. Во МАНУ таа проверка се прави по случаен избор на брисевите за тестирање кои кај нив се стигнуваат од разни болници во земјата.
Целиот напис прочитајте го овде
