Симеонов: Македонизмот концепиран во средината на минатиот век е лага и затоа нема простор за никакви компромиси
„Токму во пресрет на годишнината од Крвавиот Божиќ во Македонија во 1945 година, сакам да потсетам дека понекогаш треба да се навраќаме на многу едноставни работи. Затоа, накратко да потсетам: македонизмот конципиран во средината на минатиот век во основа е лага. Не само пред лицето на Бугарија, туку пред лицето на човештвото. Затоа, нема простор за никакви компромиси“, пишува Прван Симеонов, прв човек на Галуп Бугарија, кој напоменува дека тоа е негов личен став, што не е поврзан со неговата истражувачка работа.
„Не гледам зошто е потребна средба, особено во Скопје. Или какво било брзање. Скопје е веќе во НАТО, т.е. доволно далеку од Русија. А какво што е денешното Скопје во ЕУ ќе противречи на самата ЕУ. Ако некогаш имало момент кога Бугарија е навистина субјект, тоа е во овој момент. Денес, повеќе од кога било, светската политика сака авторитет, а не наивност. Тестот е доста важен. Витално важен“, дециден е Симеонов.

