|

НОВО ИСТРАЖУВАЊЕ ЗА КОВИД-19 ПОКАЖА ЗОШТО РЕСПИРАТОРИТЕ НА ПОМАГААТ КАЈ НЕКОИ ПАЦИЕНТИ

Откако помина три недели на одделението за интензивна нега на кое се лечеше од ковид-19, на американскиот актер Ник Кородер (41) мораше да му биде ампутирана десната нога. Неговата циркулација беше запрена од згрутчување – уште една опасна компликација на болеста која го зафати целиот свет, пренесува Плусинфо.

Згрутчувањето е, од различни причини, честа компликација кај пациенти кои се на интензивна нега, но нивната зачестеност е поголема кај пациенти со ковид-19, отколку што се очекуваше.

– Имам четириесетгодишници со згрутчување во прстите во мојот оддел во болницата каде што работам и нема друга причина за тоа освен вирус – рече Шери Брошахан, доктор на интензивна нега во њујоршката болница Лангон.

Еден од нив има големи проблеми со протокот на крв во двете нозе и во двете раце и веројатно ќе мора да извршиме ампутација, рече таа.

Згрутчување на крвта не само што е опасно за екстремитетите, туку може да достигне и до белите дробови, срцето или мозокот, што може да резултира во смртоносна белодробна амболија или срцев и мозочен удар.

Една неодамнешна холандска студија откри дека 31 од 184 пациенти вклучени во истражувањето имаат компликации со згрутчување, што е „екстремно висок процент“.

За среќа, потребата за ампутации е многу поретка, пренесува „Јутарњи лист“.

Зошто се случува ова?

Бехнуд Бикдели, доктор во болница во Њујорк, состави меѓународен тим на експерти за да го проучат проблемот. Нивните откритија беа објавени во списанието „Јournal of The American College of Cardiology“.

Тие заклучиле дека ризикот од згрутчување на крвта е толку голем што пациентите кои страдаат од ковид-19 треба да примаат превентивни лекови за разредување на крвта.

Постојат неколку можни причини зошто се јавува овој проблем. Пациентите со тешка форма на ковид-19 често страдаат од претходно заболување, како што се срцево или белодробно заболување. Тие се својствено поврзани со поголем ризик од развој на тромбоза.

Престојот во одделот за интензивна нега го зголемува ризикот, бидејќи пациентите се неподвижни таму подолго време, што е погодно за развој на згрутчување.

Коронавирусот е поврзан и со невообичаена реакција на имунолошкиот систем наречена „цитокинска бура“, а некои студии сугерираат дека овој феномен е исто така поврзан со повисока стапка на формирање на тромб.

Исто така можно е дека згрутчувањето влијае и е нешто поврзано со самиот коронавирус, што лекарите претходно не го забележале кај некои други вирусни заболувања.

Експертизата објавена минатата недела во Лансет покажа дека вирусот може да формира епител, ткиво што ги обложува органите и крвните садови, што во теорија може да влијае на процесот на згрутчување.

Микро-згрутчувања

Иако антикоагулансите, како што е хепаринот, делуваат кај некои пациенти, други не се ефикасни бидејќи згрутчувањето е премногу мало, објасни Броснахан.

– Има многу микро-згрутчувања и не знаеме точно од каде се тие. Обдукциите покажаа дека белите дробови на некои пациенти содржат стотици микро-згрутчувања – објасни таа.

Сепак, појавата на нова загатка која реши постара. Сесилија Мирант-Борде, лекар во болницата на воени ветерани во Менхетен, вели дека белите дробови полни со микро-згрутчувања објаснуваат зошто респираторите не им помогнале на некои пациенти.

На почетокот на пандемијата, лекарите ги третирале овие пациенти според протоколот за синдром на акутна респираторен дистрес, исто така познат како „влажни бели дробови“.

Причината за респираторната неефикасност во некои случаи „не беа белите дробови полни со вода, туку микро-згрутчувањата што ја блокираа циркулацијата“, така што крвта ги остави белите дробови со помалку кислород од вообичаеното.

Поминаа пет месеци откако вирусот се појави во Вухан, а лекарите секојдневно учат се повеќе за тоа.

– Иако сме изненадени кога откривме, навистина не треба да бидеме толку изненадени. Вирусите се непредвидливи – рече Броснахан.



Слични Објави