|

Ново поскапување на бензините од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,74 % во однос на Одлуката од 28.06.2021 година.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 денар/литар.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менува и останува на исто ниво како што била утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 28.06.2021 година .

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,567 ден/кг и сега ќе изнесува 37,719 ден/кг.

Слични Објави