Нуриел Рубини: Биткоинот е измама!
Познатиот економист Нуриел Рубини тврди дека биткоинот е измама, дека ќе падне на нула и дека на таа криптовалута ќе се збогатат само криминалците, јавува порталот „Денар“
Рубини, кој ја предвиде економската криза во 2008 година, е скептичен за биткоинот и предупредува дека оние кои фиктивно ја зголемуваат неговата цена се обидуваат со тој концепт да се збогатат.
“Шпекулантите купуваат и продаваат сопствени инвестиции со цел да манипулираат со пазарот”, тврди Рубини.
Според неговата проценка, многумина на самиот крај ќе бидат заложници, a тој крај е да падне на нула, бидејќи како што вели, вистинската вредност на оваа криптовалута е токму таа.
“Биткоинот не е сериозно средство за плаќање, ниту е добро да се чува како капитал. Тој се храни сам себеси и нема причина за неговата цена да биде толку висока”, рече Рубини.