|

Обезбедени се снимки од пукањето во Чаир, се утврдува идентитетот на сторителите

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје синоќа изврши увид во Чаир, каде во инцидент со огнено оружје беше убиен Јонуз Идризи, а двајца беа повредени.

Јавниот обвинител издаде наредби за прибирање и анализа на трагите пронајдени на лице место, како и наредба за обдукција на починатиот. По наредба на јавниот обвинител обезбедени се снимките од видео надзорот на околните објекти.

Се работи на утврдување на идентитетот на сторителитe.​​

Слични Објави