Објаснување на „спорните“ моменти во Истанбулската конвенција

//

Објаснување на Истанбулската конвенција беше распространето од прес-службата на Советот на Европа.  Во текстот се дадени одговори на прашањата, што би предизвикале најсилен отпор против документот.

Еве што е наведено во извештајот на Советот на Европа:

Што значи  поимот “род” во Истанбулската конвенција?

Поимите “род” и “пол” се две различни работи. Во Конвенцијата поимот “род” се базира на двата пола – машки и женски, и значи општествено изградени улоги, однесувања, активности и атрибути кои во одредени општествата се сметаат за својствени за жените и мажите “. Во Истанбулската конвенција, дефинициите за “род” и “пол” се два различни концепти. Конвенцијата нагласува дека терминот “род” не е наменет да го замени термините “жена” и “маж”.

Дали Конвенцијата ги обврзува државите да воведат лекции за сексуална ориентација во училиштата?

Не.

Дали Конвенцијата ги обврзува државите да ги признаваат трансродовите лица како бегалци?



Не.

Дали Конвенцијата ги обврзува државите да воведат признавање од трет пол во своето домашно право?

Не. Земјите се повикуваат да воведат правила против било каква дискриминација врз основ на пол или родов идентитет

Дали Конвенцијата дозволува истополови бракови?

Не. Не постои навестување за законско признавање на бракови од ист пол. Ова е надвор од опсегот на Конвенцијата. Европскиот суд за човекови права го признава правото на секоја држава да одлучува за тоа дали да ги признава браковите од ист пол.

Претходна статија

САД му се заканија на Иран, дека ќе излезат од нуклеарниот договор

Следна статија

Време е за мразење на Албанците

Најново од Вести