|

Облачно време, со повремени врнежи дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, на места нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на ситен град, информираат од УХМР. Температурите ќе се движат од 12 до 22 степени Целзиусови.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, а во делови од котлината нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за краткотрајно невреме, со температури до 20 степени Целзиусови.

Утре не очекува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. На места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието и во источните делови.



Слични Објави