ОБЛОЖУВАЧНИЦИТЕ ОБЈАВИЈА КОЈ Е АПСОЛУТЕН ФАВОРИТ ЗА „ЗЛАТНАТА ТОПКА“

/

Откако заврши фудбалската сезона сосе неколкуте континентални шампионати, а клубовите веќе почнуваат да се подготвуваат за новата, обложувачниците веднаш го објавија првиот фаворит за освојување на „златната топка“ на угледниот француски магазин „Франс Фудбал“.

Според обложувачниците, прв фаворит не е ниту Лионел Меси, ниту Кристијано Роналдо, туку – Вирџил Ван Дијк. Холандскиот стопер од Ливерпул има неочекувано многу низок коефициент и тоа од 1,9 (на едно евро се добиваат 1,9 евра). Ван Дијк беше прогласен за најдобар фудбалер во англиската Премиерлига, ја освои ЛШ со „црвените“, а играше финале на Лига на нации со Холандија. Последен дефанзивец кој ја освоил „златната топка“ е Фабио Канаваро од 2006 година.

Зад Ван Дијк е Лионел Меси, аргентинската суперѕвезда на Барселона, кој повторно ја освои „златната копачка“, стана првак со Барселона во Ла Лига, а освои бронза на Копа Америка. Коефициентот на Меси е 2,5. Трет е египетскиот напаѓач од Ливерпул, Мохамед Салах, кој ја освои ЛШ, ја подели титулата прв стрелец во Премиерлигата, но коефициентот од 6,5 е поради неуспехот со „фараоните“ да стигне до успех на Купот на африкански нации.



Кристијано Роналдо е четврти со коефициент седум, без оглед што ја освои Лигата на нации со Португалија и стана првак во Серија А со Јувентус. Во топ пет е и најдобриот голман во моментов, Алисон Бекер од Ливерпул, кој со Бразил ја освои Копа Америка, со Ливерпул славеше во ЛШ и беше избран за најдобар голман, награда која ја доби и во Премиерлигата. Неговиот коефициент е осум.

Извор: Спорт1

Претходна статија

УЧЕСТВО НА МНР ДИМИТРОВ НА НЕФОРМАЛЕН МИНИСТЕРСКИ СОСТАНОК НА ОБСЕ ВО ВИСОКИ ТАТРИ, СЛОВАЧКА

Следна статија

ВОЈВОДИНА ГО „КРАДЕ“ РОБСОН ДА СИЛВА ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ?

Најново од Вести