ВОЈВОДИНА ГО „КРАДЕ“ РОБСОН ДА СИЛВА ОД ЃОРЧЕ ПЕТРОВ?

Новосадска Војводина би можела да го „украде“ бразилскиот фудбалер за врска од Македонија Ѓорче Петров, Робсон Да Силва, за да го пополни местото на дефанзивен фудбалер за врска, најавуваат дел од српските медиуми.

Робсон Да Силва бил на радарот на новосаѓани, но се изгледаше дека Бразилецот сепак ќе остане во Ѓорче Петров, но проблемот со бившиот вардарец Вања Марковиќ сега наводно повторно ги враќа црвено-белите од Караѓорѓе во битка за „кариоката“. Робсон Да Силва беше еден од најдобрите фудбалери на „лавовите“, кој во изминатата сезона се изнадава спектакуларни голови, а српските медиуми објавија дека од јануари ѐ„кариоката“ бил следен како потенцијално засилување.

Бразилецот во моментов е дел од Македонија ЃП, која утре го игра првиот меч со Алашкерт од Ерменија во првото квалификациско коло во Лига Европа, а за седум дена и реваншот во Скопје, па нема да биде изненадување, ако „лавовите“ испаднат Војводина експресно и да го продаде фудбалерот во Нови Сад.

Останува да се види дали новосаѓани ќе се решат да се засилат од Ѓорче Петров, или испразнетото место во средниот ред ќе го пополнат со друг фудбалер. Српските медиуми го најавуваа и Жуниор, левиот бек на Вардар и екс-играч на Македонија ЃП како засилување во белградски Партизан, но од тој трансфер не излезе ништо.

Извор: Спорт1



Слични Објави