ПРЕСВРТ: СОЛШЕР МУ ГИ РАСИП(УВ)А ПЛАНОВИТЕ НА ИНТЕР ЗА ЛУКАКУ

Милански Интер и новиот тренер Антонио Конте го посакуваат белгискиот напаѓач Ромелу Лукаку како главно засилување во нападот, но за да тргнат во некаков обид за негов ангажман мора прво да ја решат сагата со Мауро Икарди.

И додека „нераѕурите“ бараат начин да го откажат Икарди, но и да заработат од неговиот трансфер, по се изгледа ќе се изјалови и обидот да го донесат Лукаку. Манчестер јунајтед бара 80 милиони евра и нема намера да отстапи од таа цена. Арно ама, за Интер сега не се проблем само парите, туку и фактот дека менаџерот Оле Гунар Солшер замеша прсти за Белгиецот.

Според последните информации, Солшер веќе разговарал со Лукаку и му посочил дека најсериозно смета на него и дека планира да го задржи, па побарал од Белгиецот да остане уште една сезона на „Олд Трафорд“.

Проблем за Норвежанецот е што Маркус Рашфорд сака да биде осамен шпиц, а менаџерот бара начин да ги спои двајцата во нападот. Сега останува да се види дали Интер брзо ќе реагира и ќе влезе во преговори за трансфер, зашто времето им е пократко за ангажман поради тоа што преодниот рок во Премиерлигата завршува за еден месец – пред стартот на новата сезона.

Извор: Спорт1

Слични Објави