ОБВИНИТЕЛКАТА ЈОСИФОВСКА ВЕЌЕ ГО ДАЛА СВОЈОТ ИСКАЗ ВО ЈАВНОТО ОБВИНИТЕЛСТВО
Обвинителката Елизабета Јосифовска од Специјалното јавно обвинителство денеска била повикана во Јавното обвинителство каде дала исказ за случајот „Рекет“, јавува Плусинфо.
Од порталот додаваат дека државниот обвинител Љубомир Јовевски, денеска за МИА потврдил, дека обвинителката Елизабета Јосифовска веќе е сослушана од надлежен јавен обвинител.