Од 1 јануари државјанство во електронска форма и барање за пасош и лична карта по електронски пат

/

Од 1 јануари 2023 година уверението за државјанство ќе може да се издаде и во електронска форма преку Националниот портал за електронски услуги или преку квалификувана електронска препорачана достава на електронска адреса. Граѓаните ќе можат по електронски пат да поднесуваат и барања за издавање лична карта и пасош.

„Со цел подобрување на искуството на граѓаните при вадење на лични документи и спроведување на целосна дигитализација на процесите, ова раководство на МВР пристапи кон хармонизирање на законска регулатива со европското законодавство, со тоа што беа предложени законски измени коишто Собранието ги усвои во март годинава“, објави министерот Оливер Спасовски.

Поднесувањето барање за издавање лична карта и пасош е овозможено согласно измените и дополнувањата на Законот за лична карта, Законот за патни исправи, Законот за лично име и Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето.

Согласно измените и дополнувањата на Закон за лична карта, Закон за патни исправи, Закон за лично име, Законот за пријавување на живеалиштето и престојувалиштето на граѓаните, граѓаните може да поднесат барање и во електронска форма

Во постапки определени со закон, како што е прибавување на доказ за објава во Службен Весник за загубена лична карта, истиот го прибавува МВР по службена должност преку Националната платформа за интероперабилност.



МВР може да издаде решение за поништување на матичен број на граѓанин или странец како електронски документ.

Извор: Zoom. mk

Претходна статија

Претреси на подрачјето на Штип- пронајдена дрога, затекнати малолетници во угостителски објекти

Следна статија

Стопанска комора: Да се зголеми домашното производство на електрична енергија и да се искористат сите можни ресурси

Најново од Вести