Првиот човек на египетскиот фудбал тврди: Салах ќе игра за Реал Мадрид

/

Првиот човек на фудбалскиот сојуз на Египед, Або Рида откри интересен податок околу евентуално заминување на Мохамед Салах од екипата на Ливерпул.

Тој е уверен дека 25. годишниот египетски фудбалер од наредното лето ќе стане член на Реал, кој наводно ќе направи се за да го донесе во своите редови.

„Голема е можноста дека ќе заигра за Реал Мадрид наредната сезона. Шпанскиот клуб ќе испрати огромна понуда наредното лето, а тоа е реално бидејќи Салах игра фантастично. Тоа ќе биде одлична работа за египетскиот фудбал, бидејќи нашиот играч ќе биде во еден од најголемите клубови во светот.“ – изјави Або Рида.

Салах на Енфилд стигна минатото лето од Рома за 42. милиони евра. Се покажа како фантастично засилување и моментално без никакви дилеми е еден од најдобрите фудбалери во Премиерлигата.



Оваа сезона на 31 одигран натпревар постигна 24 погодоци.

Извор: Sportski.mk

Претходна статија

Путин и Ердоган разговараа телефонски за Сирија

Следна статија

ШАМАР ЗА РЕАЛ: Ги одби „Кралевите“ за да остане во тимот кој се наоѓа на средината на табелата

Најново од Вести