Путин и Ердоган разговараа телефонски за Сирија
Рускиот претседател Владимир Путин и неговиот турски колега Реџеп Тајип Ердоган одржаа телефонски разговор во кој разговараа за ситуацијата во Сирија. Темата на дискусијата беше областа на Африн, каде што Турција во моментов спроведува воена операција.
Во соопштението до јавноста на Кремљ се вели дека за двете земји е важно да продолжи активна соработка за решавање на кризата. Ова вклучува зачувување на територијалниот интегритет на Сирија и почитувањето на суверенитетот на државата.
Претходно во вторникот американскиот државен секретар, Рекс Тиралсон, изјави дека Русија е одговорна за хемискиот напад во сириската провинција Источен Гут. Според Тилерсон, постои сериозна загриженост дека режимот на Башар Асад може да продолжи да користи хемиско оружје против сопствениот народ. Тој додаде дека жртвите на овој напад биле предизвикани од активностите на руската страна.
Тилерсон зборува за инцидент од 13 јануари, во кој жители на покраината соопштија за мирис на гас по ракетен напад. Шест лица побараа лекарска помош поради проблеми со дишењето, можеби предизвикани од хемиско оружје.