ОД 1 МАЈ МОЖНО ОТВОРАЊЕ НА АЕРОДРОМИТЕ ВО СРБИЈА

/

Од 1 мај, во зависност од епидемиолошката состојба, владата на Србија може да донесе одлука за ублажување на мерките односно да дозволи превоз на патници во меѓународниот воздушен сообраќај од аеродромите во Србија, пренесува „Вечерње новости“.

Услов е да бидат применети сите превентивни мерки кои се однесуваат на спречување на ширењето на заразата со Ковид-19, се наведува во изменетата уредба објавена во Службен весник.

Како што се прецизира, мерките со кои се осигурува безбедноста на вработените и на корисниците на услугите подразбираат задолжителна дезинфекција на сите аеродромски простории, опрема и транспортни средства, задолжителна употреба за заштитни средства, односно маски и ракавици и задолжително мерење температура на сите патници на сите летови при пристигнување или заминување.



Извор: Макфакс

Претходна статија

ПОРАНЕШЕН ЧЛЕН НА КОРЕЈСКАТА РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА: КИМ ЏОНГ-УН НЕ Е ВО КОМА, НАЈВЕРОЈАТНО Е ПОВРЕДЕН ПРИ ЛАНСИРАЊЕ НА РАКЕТА

Следна статија

ВМРО-ДПМНЕ БАРА НА ЛИДЕРСКАТА СРЕДБА ОСВЕН ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА КРИЗА ДА СЕ ЗБОРУВА И ЗА БУГАРСКИТЕ УСЛОВУВАЊА

Најново од Вести