|

ПОРАНЕШЕН ЧЛЕН НА КОРЕЈСКАТА РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА: КИМ ЏОНГ-УН НЕ Е ВО КОМА, НАЈВЕРОЈАТНО Е ПОВРЕДЕН ПРИ ЛАНСИРАЊЕ НА РАКЕТА

Поранешен припадник на Работничката партија на Кореја, Ли Џеонг-хо, кој во моментот се наоѓа во Јужна Кореја, изјавил дека е можно севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун да се повредил при лансирање на ракета и поради тоа мистериозно исчезнал.

Ли во текст објавен за јужнокорејскито весник „Донг-а Илбо“ истакнува дека Ким морал да биде доволно здрав за да одобри тестирање на ракета на 14 април, но оти при тоа можно е да е повреден.

Ли ја отфрла и можноста Ким да е во кома по неуспешната операција на срце.

Малку е веројатно да се точни информациите дека Ким се лекува во болницата Маунт Мајохајанг, бидејќи неговиот лекарски тим е во Пјонгјанг, истакнува Ли.



Слични Објави