ПОПОСКИ (ГДУ) ДОДЕКА ГИ БРОИМЕ ЗАБОЛЕНИТЕ И ПОЧИНАТИТЕ ОД КОВИД-19 ЗАЕВ И МИЦКОСКИ СЕ ФАТИЈА ЗА ИЗБОРИТЕ

//

„Иницијатива за свикување на Собранието со скриена намера за брзи избори летово. Па веднаш потоа барање за лидерска средба да се видело која била суштината на иницијативата и да се поразговарало за политичките процеси. Ете што ни сервираат Мицкоски и Заев, по олабавувањето на полицискиот час, жесток политички час“, велат од Граѓанско Демократска Унија.

Според партијата наводното примирје меѓу политичките чинители завршило и сега додека тече борбата за победа врз опасниот вирус „нашите големи политичари“ се фатиле за изборите.

„Наводното привременото примирје заврши. И тоа среде пандемија додека броиме заразени, жртви, излечени. Додека се бориме да го победиме опасниот вирус, а развиените земји се обидуваат да пронајдат вакцина, нашите „големи“ политичари се фатија за изборите. По којзнае кој пат лицемерието е покажано на дело“, стои во соопштението на ГДУ.

Од ГДУ велат дека лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ пателе од пуста желба рефлекторите да бидат свртени кон нив дури и за време на нивната самоизолација.

„Па впрочем и двајцата лидери уште кога беа во самоизолација, не поминуваше ден, а да не го искористат фејсбук да кажат нешто. Пуста желба рефлекторите да се свртат кон нив.
И тука повторно сме сведоци на веќе видена слика. СДСМ и ДПМНЕ се надмудруваат, се препукуваат кој повеќе се грижел за здравјето на граѓаните, кој ќе правел преседан, а ДУИ само немо посматра. Зошто во нивни раце е иницијативата и одлуката“, велат од ГДУ.

Граѓанско Демократската Унија предупредува дека сега не е време за политички игри и дефокусирање на јавноста од основната цел а имено да се заузда невидливиот непријател вирусот Ковид-19.



„ГДУ предупредува дека не е време за политички игри и калкулации. Ова е борба во која сите треба да бидеме обединети, се со цел да се заузда невидливиот непријател. Не ни треба дефокус. Датумот за избори треба со консензус да го одредат сите политички чинители во оваа земја. Но повторуваме за тоа кога ќе бидеме подготвени како држава. Се спротивно од ова само ќе ја зголеми конфликтноста во општеството“, стои во соопштението на ГДУ.

Претходна статија

„ЕХФ ИМ ‘ПЛУКНА В ЛИЦЕ’ НА РАКОМЕТАРИТЕ ОД (ПО)МАЛИТЕ ЗЕМЈИ ВО ЕВРОПА!“

Следна статија

ПОРАНЕШЕН ЧЛЕН НА КОРЕЈСКАТА РАБОТНИЧКА ПАРТИЈА: КИМ ЏОНГ-УН НЕ Е ВО КОМА, НАЈВЕРОЈАТНО Е ПОВРЕДЕН ПРИ ЛАНСИРАЊЕ НА РАКЕТА

Најново од Вести