СРАМ! ВРАБОТЕНИТЕ ВО ИНСТИТУТОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ УШТЕ НЕ ГИ ЗЕМАЛЕ ПЛАТИТЕ ЗА МАРТ
Епидемиолозите кои се први во борбата против корона вирусот, микробиолозите кои деноноќно работат и прават тестирања на граѓаните, како и сите други вработени во институтот за јавно здравје уште немаат земено плата за месец март.
Вработени во Институтот реагираа до ТВ 24. Информацијата ја потврдува и директорот д-р Шабан Мемети. Вели дека се уште се чека на усогласување на колективните договори со Минстерството за здравство. Како што и претходно ТВ 24 објави дека вработените во институтот изостанаа и од покачувањето на платите – владина мерка која почна да важи за останатите здравствени работници од месец март.
