ОД ДЕНЕСКА МОЖЕТЕ ДА ГИ ПЛАТИТЕ ВАШИТЕ ДОЛГОВИ ЗА ВОДА НА РАТИ БЕЗ КАМАТА

Наплата на долговите за вода на рати без камата за физички и правни лица со определен временски рок, почнува од денеска до 31-ви наредниот месец. По истекот на овој период одлуката престанува да важи.

loading...

„Во просториите на претпријатието, процесот се одвива непречено и притоа се почитуваат сите протоколи за влез, со цел заштита од ширењето на корона вирусот. Сите корисници кои доаѓаат во просториите на претпријатието го одржуваат редот на чекање за влез, притоа почитувајќи го определеното растојание. При влез, задолжително е носење на заштитна маска, а пред влез на секој клиент му се мери телесната температура. При влегување и излегување од просториите на претпријатието задолжителна е и дезинфекција на рацете. Бројот на корисници кои влегуваат во просториите на претпријатието е ограничен, согласно одредените протоколи за заштита, соопштија од „Водовод и канализација“-Скопје.


loading...