Од долгиот ковид страдаат 17 милиони европејци
Светската здравствена организација (СЗО) проценува дека најмалку 17 милиони европејци беа погодени од долгиот ковид во 2020 и 2021 година, и притоа таа повикува на подобра грижа за овие пациенти.
Тоа е повеќе од 16 отсто од вкупно 102,4 милиони заразени во 53 земји во првите две пандемии на коронавирусот, соопшти денеска СЗО.
Замор, кашлица, отежнато дишење, повремено покачена телесна температура, губење на вкус и мирис и депресија се само некои од симптомите на долгиот ковид, кои обично се појавуваат во првите три месеци по инфекцијата и траат најмалку два месеци.
СЗО соопшти дека долгиот ковид двојно повеќе ги погодува жените, а нејзините проценки се засноваат на пресметките на Институтот за здравствена метрика и евалуација (IHME).