ОД НОЌЕСКА ПОЕВТИНУВААТ БЕНЗИНОТ И ДИЗЕЛОТ

Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата.

Од полноќ, според новиот ценовник, ЕУРОСУПЕР-95 и ЕУРОСУПЕР-98 се поевтинуваат за 1.50 денари и еден литар од овие горива од вечерва ќе се продава за 61.50 односно 63.50 денари.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ горивото се намалува за 2.50 денари, и еден литар дизел гориво ќе чини 58.50 денари.