Од полноќ, поскапуваат горивата за половина, односно еден денар

/

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 денар/литар, а малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемуваат за 1,00 денар/литар.
Од 31.8.2021 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 71,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 73,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 62,50 (денари/литар)



Претходна статија

На Табановце за излез од државата се чека 40 минути

Следна статија

Резултати до вчера: Данела Арсовска ги собра потребните потписи, продолжува собирањето потписи за Максим Димитриевски

Најново од Вести