| |

ОД ПРАВДА ВЕЛАТ ДЕКА ИМА ПРАВЕН ОСНОВ ЗА ЕКСТРАДИЦИЈА НА ГРУЕВСКИ

Има правен основ Македонија да побара екстрадиција од Унгарија на поранешниот премиер Никола Груевски, а тоа е Европската конвенција за екстрадиција, велат од Министерството за правда. Барањето за екстрадиција се подготвува и се собира потребната документација и се очекува во најскоро време да биде испратено до Унгарија. Во македонското Министерство за внатрешни работи беа отворени две истраги. Со нив треба да се утврди како избегал Груевски и дали некој од полицијата му помогнал, по што се очекува МВР да излезе со детали. Досега МВР и ОЈО немаат објавено официјални информации за бегството и движењето на Груевски и за тоа каде се пропустите во целиот случај.

 

Слични Објави