ОД УТРЕ ИСПЛАТАТА НА ЈАНУАРСКИТЕ ПЕНЗИИ
Утре почнува етапната исплата на јануарските пензии со цел да се овозможи поголема заштита на пензионерите во услови на опасност од коронавирусот.
Како што информира Министерството за труд и социјална политика, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички ќе се реализира во четири групи, според висината на пензијата.
Утре, 26 јануари ќе се исплатуваат пензиите до 11.000 денари, в средда, на 27 јануари на ред се пензиите од 11.001 денари до 14.000 денари, во четврток, на 28 овој месец пензиите во висина од 14.001 денари до 18.000 денари, а в петок, 29 јануари на ред се пензиите повисоки од 18.000 денари.
Од Министерството информираат и дека пензионерите кои користат платежна картичка, поврзана со сметката на која се префрлува пензијата, со парите можат да располагаат од утре, 26 јануари.