Државјани на земји надвор од Европската Унија нема да можат да влегуваат во Бугарија до 31 јануари, се вели во заповед на министерот за здравство на Р. Бугарија која стапува во сила од утре 1 декември. Освен за граѓани на ЕУ забраната не важи и за државјани на : Австралија, Канада, Грузија, Јапонија, Нов Зеланд, Роанда, Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај, ОАЕ, Украина, Македонија, Србија, Албанија, Косово, БиХ, Црна Гора, Моладавија, Израел, Кувајт, Белорусија и Турција, јавува Faktor.bg.
Државјаните на земји за кои што влегувањето во земјата е дозволено но доаѓаат од земји од забранетиот список, треба да достават негативен PCR тест, направен не подоцна од 72 часа пред влегувањето во Бугарија. Тоа правило не важи само ако патникот транзитира.
Целиот напис прочитајте го на Faktor.bg